Поврзете се со нас

Формула 1

Хамилтон: Криво ми е што не го следев мојот инстинкт

Објавено

на

Луис Хамилтон остана долго на патеката без да влезе во боксот за време на Формула 1 трката во Турција, но на крајот попушти и го послуша својот тим, по што заврши на петтата позиција.

Тоа е солиден резултат за актуелниот шампион ако се знае дека започна од единаесеттото место во поредокот, но Британецот призна дека жали што не останал на својата одлука, со која ризикот можеше да му донесе и подиум.

– Чувствувам дека требаше да останам на патеката.

– Мојот инстинкт ми велеше да не влегувам во боксот и чувствував дека тоа е вистинската одлука. Сега сум фрустриран што не го следев инстинктот.

– Ако пневматиците на Окон издржаа (единствен возач кој не влезе во боксот), веројатно и моите ќе издржеа. Бев на третото место и мислев дека тоа ќе биде одличен резултат ако останам на таа позиција. Вака е полошо, но можеше да биде уште полошо, – изјавил Хамилтон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни