Поврзете се со нас

Формула 1

Хамилтон ќе добие нов мотор, па и казна за трката во Турција

Објавено

на

Луис Хамилтон ќе стартува десет позиции зад остварениот пласман во квалификациите за трката за Големата награда на Турција од Формула 1 шампионатот.

Утринава стана јасно дека Мерцедес решил да направи промена на моторот со внатрешно согорување од погонската единица на болидот на актуелниот шампион, па Хамилтон ќе заработи казна.

Германскиот тим го променил и издувот на болидот, но само во случајот со моторот е надминат бројот на дозволени замени во текот на сезоната.

Британецот во моментов има предност од два поена во однос на Макс Ферстапен во генералниот пласман, па секоја трка во продолжение ќе има големо влијание во битката за титулата.

Ферстапен на трката во Русија тргна од последниот ред исто така поради надградба на погонската единица, но стигна до второто место.

Веќе е потврдено дека во Турција од последниот ред ќе стартува Карлос Саинц од Ферари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни