Поврзете се со нас

Формула 1

Хамилтон ја објави страшната слика од инцидентот со Ферстапен: Некој ме гледаше од горе (Фото)

Објавено

на

Луис Хамилтон го обвини Макс Ферстапен за опасно возење по инцидентот кој го имаа двајцата на Монца и нагласи дека противникот знаел каков ќе биде епилогот доколку се удрел во неговиот болид, но без оглед на се, најдобра вест од нивниот контакт во Италија беше тоа што и двајцата не претрпеа повреди.

Британецот имаше навистина многу среќа и беше заштитен од сигурносниот „хало“ систем кој во дадената ситуација најверојатно му го спаси и животот, нешто што сакаше да го истакне и самиот Британец преку социјалните мрежи.

– Во вакви денови, добивам потсетник за тоа колку сум среќен. Потребна е само милисекунда од трка да дојдете до многу страшна ситуација.

– Некој ме гледаше од горе! Многу сум благодарен за цела поддршка, вие сте најдобрите, – и порача Хамилтон на својата голема фан база која ја има на социјалните мрежи.

Во својата објава, Хамилтон ја објави и страшната слика кога задното тркало од болидот на Ред Бул е над неговата глава, со што сакаше најдобро да отслика во каква опасност беше вчера на патеката.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни