Поврзете се со нас

Формула 1

Хамилтон извозе најбрз круг во историјата на Формула 1, Ферари се посрамоти на Монца (Видео)

Објавено

на

Квалификациите за трката на Големата награда на Италија не донесоа ништо ново кога е во прашање доминацијата на Мерцедес, но затоа ни донесоа еден неверојатен податок со кој беше испишано историја на Монца.

Луис Хамилтон одново ја доби тесната битка со својот тимски колега Валтери Ботас, со тоа што беше за неколку илјадити делови побрз од Финецот, а истовремено постави рекорд на сите времиња во „најбрзиот циркус“ во светот.

Времето 1:18.887 ни го носи најбрзиот круг во историјата на Формула 1 на сите извозени патеки, а сосема логично, ова беше и нов рекорд на легендарната патека Монца.

За Хамилтон ова беше дури 94-та пол позиција во кариерата, па само ја продолжи доминацијата во однос на конкуренцијата и секако е главен фаворит за нова победа на утрешната трка.

Валтери Ботас на крајот се задоволи со второто место, Карлос Саинц беше одличен и се избори за трето најдобро време, па следеа Серхио Перез, Макс Ферстапен, Ландо Норис, Даниел Рикиардо, Ленс Строл, Алекс Албон и Пјер Гасли.

Трагедијата за Ферари се пролонгираше и на нивната домашна трка, бидејќи Леклер ќе стартува 13-ти, а Фетел 17-ти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни