Поврзете се со нас

Формула 1

Хамилтон исфрустриран од болидот на Мерцедес: Што и да направиме, ништо не се менува

Објавено

на

Мерцедес се подготвува за неделната трка во Австралија, но зборовите на Луис Хамилтон не оставаат простор за голем оптимизам кај фановите на актулниот конструкторски шампион.

Седумкратниот Формула 1 светски шампион го возеше болидот на слободните тренинзи во Мелбурн, за подоцна да потенцира дека едноставно ништо не функционира како што треба.

– Во овој момент што и да направиме, што и да промениме, болидот ни возвраќа со разочарувачки перформанси.

– Остануваме оптимисти, постојано пробуваме нешто ново, но резултатите не се менуваат. Болидот е навистина тежок за возење.

– Очигледно не можеме многу да промениме, па треба да извлечеме максимум, иако е факт дека и нашиот најдобар круг е за секунда поспор од ривалите, – изјавил Мерцедес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни