Поврзете се со нас

Формула 1

Хамилтон и Ферстапен водеа „војна“ во Џеда, бранителот на титулата излезе како победник

Објавено

на

Првата Ф1 трка во Саудиска Арабија донесе неверојатна возбуда и многу инциденти, но и вистинска „војна“ меѓу двајцата директни ривали за титулата.

Новиот светски шампион и дефинитивно ќе се одлучи на последната трка која се вози во Абу Даби, а во истата не може да се влезе поизедначено бидејќи Макс Ферстапен и Луис Хамилтон имаат по точно 369,5 бодови.

Денеска во Џеда имаше две црвени знамиња и два рестарта на трката, а Ферстапен и Хамилтон имаа неколку контакти, по кои подебелиот крај го извлече лидерот во генералниот пласман. Макс беше казнет со пет секунди и мораше да го пропушти Хамилтон, додека Британецот не доби казна за тоа што се заби во болидот на Ферстапен кога овој сопираше за да биде престигнат.

На крајот, оваа битка ја доби седумкратниот светски шампион кој заврши како прв, додека Ферстапен се задоволи со второто место и сега ќе мора да брка победа во Абу Даби за да стигне до својата прва титула.

Холанѓанецот секако беше незадоволен од одлуките на стјуардите и не го криеше тоа, но нагласи дека мора да се помири со нив и да продолжи да се бори до последната трка. Од последните метри, за издвојување е преминувањето кое го имаше Валтери Ботас кој заврши трет пред Окон, а во бодовите влегоа уште Рикиардо, Гасли, Леклер, Саинц, Џобинаци и Норис.

Трката за Големата награда на Абу Даби се вози наредниот викенд, а Ферстапен влегува како првопласиран поради поголемиот број на победи во досегашниот тек на шампионатот.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни