Поврзете се со нас

Формула 1

Хамилтон го одработи првиот работен ден во Маранело и позираше со своето омилено Ферари (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/F1

Луис Хамилтон потпиша договор со Ферари уште во текот на минатата натпреварувачка сезона, а денеска и официјално ја започна својата нова возбудлива авантура за која сонува од најмали нозе.

Седумкратниот светски шампион денеска го имал првиот работен ден во Маранело базата во Италија, па Хамилтон не ја пропуштил шансата да позира и со својот омилен модел на Ферари, легендарното F-40.

Од Скудерија Ферари му посакаа топло добредојде и многу среќа на својот нов член во 2025-та година, а воодушевувањето не го криеше и Хамилтон по првата посета на фабриката.

– Има денови кои знаете дека ќе ги паметите засекогаш, а денешниот прв ден како возач на Ферари е ден од тие денови. Бев доволно среќен да остварам толку многу работи во кариерата за кои мислев дека се невозможни, но дел од мене секогаш се држеше до сонот дека треба да се тркам во црвено.

– Не можам да бидам посреќен што ми се оствари сонот денеска. Денеска стартуваме една нова ера во историјата на овој тим и не можам да дочекам да видам каква историја ќе испишеме заедно, – порача Хамилтон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lewis Hamilton (@lewishamilton)

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни