Поврзете се со нас

Формула 1

Хамилтон го нападна Ферстапен: Сум се тркал со толку многу возачи во 28 години…….

Објавено

на

Foto: twitter.com/F1

ФИА процени дека Луис Хамилтон е невин во инцидентот со Макс Ферстапен и подебелиот крај од трката во Џеда го извлече Холанѓанецот, одлука која секако наиде на спротивставени ставови во двата табори, но и меѓу актерите кои го предизвикаа судирот на патеката.

Ферстапен јасно нагласи дека не е задоволен од одлуките на стјуардите кои оделе во негова штета и посочи дека Формула 1 веќе не наликува на себе кога повеќе се зборува за пазарење и казни, отколку за тркање, но од друга страна, доста нападен беше и Луис Хамилтон кој излезе како победник на првата историска трка во Саудиска Арабија.

– Не сум идиот, знам зошто Макс закочи, намерно го направи тоа пред ДРС зоната, за потоа да може да ме мине. Поради тоа, јас налетав на него и беше навистина малку конфузно во тој момент.

– Навистина ми беше многу тешко да останам мирен и да останам чист на патеката. Сум се тркал со многу противници во мојата кариера која трае 28 години, сум запознал различни карактери, но има неколкумина кои ги минуваат границите.

– Има возачи кои не ги почитуваат правилата и воопшто не мислат на нив. Ферстапен секако е во оваа категорија. Избегнав судир толку многу пати со него, успеав да останам здрав и да се изборам за уште еден натпреварувачки ден, – изјави Хамилтон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни