Свет
Хамилтон експресно му одговори на Маркез за возбудливот предизвик (Фото)
Марк Маркез ја разбуди фантазијата кај големите љубители на мото спортот со јавната прозивка која ја испрати до Луис Хамилтон, а за да биде разврската уште поинтересна, се погрижи актуелниот шампион во Формула 1 кој експресно му одговори на светскиот прва во мотоциклизам.
Маркез и Хамилтон се на добар пат да стигнат до своја шеста титула во Мото ГП и Формула 1, симболика која го натера шпанскиот возач да испрати еден интересен и спектакуларен предизвик до Британецот преку интервјуто кое го направи за „Дејли меил“.
Возачот на Репсол Хонда го предизвика Хамилтон на сензационален двобој, односно побара да ги тестираат своите квалитети во Ф1 трка, а потоа и во мото-трка.
– Навистина би било интересно такво нешто. Ќе биде одлично да се соочиме лице в лице. Прво во болиди од Формула 1, а потоа на мотори, – порача Маркез кој експресно доби одговор од Хамилтон.
– Секако дека прифаќам! Одиме, брате! Не можам да дочекам да те запознаам и да возам со тебе, – порача Хамилтон на Инстаграм.
Светскиот првак во Ф1 навистина брзо го прифати предизвикот, па сега останува на спонзорите и одговорните маркетинг лица да се погрижат за спектакл кој дефинитивно би привлекол огромен интерес меѓу фановите на мото спортот.

- Шпанијапред 21 час
Меси постигна антологиски гол во шоуто на Барселона во големото финале (Видео)
- Шпанијапред 22 часа
Зидан за неговиот најголем квалитет: Не сум најдобар тренер, но не сум ниту катастрофално лош
- Германијапред 24 часа
Нојер и Милер со први реакции по одлуката за заминување на Флик
- Англијапред 23 часа
Откако го нанижа и Пеп: Неверојатната статистика на Тухел против пет врвни тренери (Фото)
- АТПпред 19 часа
Прв пехар во оваа календарска година: Ѓорческа триумфираше во двојки во Калви
- Шпанијапред 21 час
Реал Мадрид покажа класа и прв испрати честитка до Барса, Пујол бара повеќе од тимот на Куман (Фото)
- Шпанијапред 8 часа
Фудбалерите на Реал со уште еден потег покажаа колку им значи клубот: Донеле заедничка одлука за…
- Англијапред 22 часа
Гвардиола ги исплаши фановите на Сити со својата прва изјава за повредата на Де Брујне