Поврзете се со нас

Формула 1

Хамилтон доминантен и во Бахреин, Ф1 трката одбележана со шокантниот инцидент на Грожан

Објавено

на

Луис Хамилтон ја продолжи доминацијата во Формула 1, победувајќи и на трката во Бахреин, која беше одбележана со големиот инцидент на Ромен Грожан.

Уште во првиот круг Французинот излета од патеката и удри во заштитната ограда, по што неговиот болид заврши на два дела.

Возачот на Хас беше извлечен од пожарот, па фактот што помина без посериозни повреди ги смири Ф1 фановите кои беа загрижени од она што го видоа на патеката.

Страшен инцидент на Грожан во Бахреин, возачот на Хас спасуваше жива глава (Видео)

Трката беше прекината, а откако продолжи, Ленс Строл заврши на својот кров со болидот на Рејсинг Поинт, додека неговиот тимски колега Серхио Перез остана без подиум, откако му се запали моторот на три круга до крајот.

Сите инциденти не донесоа драма околу борбата за врвот, па Хамилтон го остави зад себе Макс Ферстапен, додека добри вести за Ред Бул е третото место на Алекс Албон кој го комплетираше победничкиот пиедестал.

До десеттото место се пласираа Норис, Саинц, Окон, Гасли, Рикардо, Ботас, Окон и Леклер.

За Хамилтон ова е единаесеттата победа сезонава, а тој веќе ја обезбеди седмата титула по ред во Формула 1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни