Поврзете се со нас

Формула 1

Хамилтон доби жестоки свирежи додека даваше изјава, па одговори со ироничен коментар (Видео)

Објавено

на

Луис Хамилтон денеска беше најбрз на Хунгароринг и ја освои пол позицијата пред утрешната трка за Големата награда на Унгарија, факт кој предизвика бура од негативни реакции меѓу публиката која беше на трибините.

Британецот наиде на многу критики во мото светот поради начинот на кој победи на Силверстоун пред две недели, па токму поради тоа, додека даваше изјава како победник во квалификациите, се најде во непријатна ситуација која сепак тој направи да изгледа нормално.

Светскиот шампион доби жестоки свирежи од трибините, а тој им возврати на свој начин со доза на иронија.

– Уживам да гледам каква поддршка имам тука. Никогаш не сум се чувствувал подобро после едни свирежи. Нека продолжат да ме свират, тоа само дополнително ме храни, – изјави Хамилтон.

Инаку, Британецот извозе најбрз круг за 1:15.419, зад него е тимскиот колега од Мерцедес Валтери Ботас, додека Ферстапен и Перез се на третото и четвртото место. Меѓу првите десет возачи се уште Гасли, Норис, Леклер, Окон, Алонсо и Фетел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни