Хамилтон со брза реакција избегна судир на Сузука (Видео)

hamilton-ferrari

Луис Хамилтон има одлична предност пред Себастијан Фетел во завршницата од сезоната, а ќе се обиде истата и да ја зголеми на трката за ГН на Јапонија.

Британецот денеска за малку ќе имаше непотребен сериозен проблем откако за влакно избегна судир со Пјер Гасли на еден од тренинзите на патеката Сузука. Хамилтон возеше со брзина од 310 км/ч и во последен момент забележа дека Гасли е преспор, по што го избегна со брза реакција и заврши надвор од патеката.

Facebook Коментари