Поврзете се со нас

Формула 1

Хамилтон беше најбрз, ама Ботас ќе ја има пол позицијата во Турција

Објавено

на

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон го имаше најдобриот резултат на денешните квалификации на трката за Големата награда на Турција.

Актуелниот шампион и лидер во генералниот пласман беше најбрз во Истанбул, но утре нема да старува од позицијата број еден затоа што направи промена на моторот, а тоа значеше казна од десет позиции од остварениот пласман во квалификациите.

Хамилтон ќе добие нов мотор, па и казна за трката во Турција

Ова значи дека неговиот клупски колега Валтер Ботас кој попладнево беше втор ќе ја има пол позицијата на утрешната трка. До Финецот ќе биде Ферстапен од Ред Бул по што следуваат Леклер, Гасли, Алонсо, Перез, Норис, Строл, Цунода и Фетел, возачи кои ја комплетираат првата десетка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни