Формула 1
Хамилтон бара од Мерцедес да си ја признае грешката: Не ме послушаа….

Џорџ Расел покажа бело знаме уште по првата трка во Бахреин и нагласи дека никој нема да може да му парира на Ред Бул оваа сезона, но тој не е единствениот незадоволен во таборот на Мерцедес.
Седумкратниот шампион Луис Хамилтон своите најдобри денови во кариерата ги доживеа токму со овој тим, но сега вели дека водечките луѓе за развој на болидот не сакале да го слушаат на крајот од минатата сезона и затоа перформансите се идентично лоши како и тогаш.
Мерцедес во овој момент е зад Ред Бул, Астон Мартин и Ферари, па затоа Хамилтон вели дека ќе мора да работат за напредок и во текот на сезоната.
– Минатата година имаше работи кои не беа добри и кои им ги нагласив. Им ги посочив проблемите на болидот. Имам возено толку многу болиди во животот и знам што му е потребен на еден болид, а што не.
– Сакам да кажат „не те послушавме, немаме добар болид и мораме да работиме“. И покрај тоа, ние сме повеќекратни шампиони, точно е дека погрешивме минатата и оваа година, но мораме да одиме напред и да пробаме да ги решиме проблемите, – вели Хамилтон.
-
Балканпред 14 часа
Ковачиќ го расплака Адеми со емотивната порака (Видео)
-
Шпанијапред 11 часа
Реал Мадрид планира да ги доведе Мбапе и Халанд во ист преоден рок
-
Францијапред 14 часа
Жиру го искоментирал повлекувањето на Бензема од националниот тим
-
Англијапред 13 часа
Главните кандидати за купување на Манчестер Јунајтед не испратиле втори понуди
-
Балканпред 22 часа
Адеми: Ќе се вратам во Динамо, сакам европски трофеј како тренер (ВИДЕО)
-
Светпред 14 часа
Кристијано: Лигата во Саудиска Арабија не е како Премиер лигата, но за пет години ќе стане……
-
НБАпред 12 часа
Невидена сцена во Далас: Домаќините најавија жалба, Дончиќ ризикува казна (Видео)
-
Светпред 12 часа
Судија суспендиран откако поништил гол по прегледување на снимка на телефон