Хамес уловен во Мадрид, на „бегање“ избра и фаворит за дуелот меѓу Реал и ПСЖ (Видео)

hames-otvorena

Хамес Родригез во текот на вчерашниот ден беше „уловен“ во Мадрид од страна на будните шпанки новинари, а при излегувањето од ресторанот во кој уште биле Чоло Симеоне, Бернат и Видал, фудбалерот на Баерн Минхен не можеше да ги избегне прашањата поврзани за вечерашниот мега дуел во Лигата на шампионите.

Неговиот поранешен клуб Реал Мадрид вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ ќе ги одмери силите со ПСЖ, а иако Хамес првично се обиде да ги избегне прашањата, упорната новинарка успеа да извлече одговор на прашањето за кој тим ќе навива.

– Реал секогаш има самодоверба во ова натпреварување, се надевам дека ќе победи Реал, – порача кратко Хамес додека влегуваше во својот автомобил.

Facebook Коментари