Свет
Хамес си договори трансфер и става брз крај на кошмарот во Шпанија

Рајо Валјекано го ангажираше Хамес Родригез како бомбастично засилување за 100-годишнината од постоењето на клубот, па иако беше пречекан со сите почести на „Валјекас“, легендарниот Колумбиец дефинитивно не се изнаигра во изминатите пет месеци.
Колумбискиот капитен наиде на целосно игнорантски однос од тренерот Ињиго Перез и воопшто не се наметна како стартер, па после одиграни само 136 минути во Ла Лига во првиот дел од сезоната, Родригез сега си договорил трансфер во Мексико.
Како што известуваат угледните мексикански и шпански медиуми, Родригез се договорил со Рајо експресно да стави крај на кошмарната полусезона во Ла Лига, а автоматски ќе му биде дозволено да направи трансфер во клубот со кој веќе си дал збор.
Станува збор за мексиканскиот прволигаш Клуб Леон, кој планира да го претстави Хамес за големо засилување во првите денови од наредната седмица.
Според информациите, Хамес ќе добие едногодишен договор од Мексиканците, со опција истиот да биде продолжен до крајот на 2026-та година кога се игра и Светското фудбалско првенство, натпреварување кое е приоритет број еден за колумбискиот капитен.
-
НБА13 часа
Ерата Дончиќ започна со охрабрувачка победа, несопирливиот Јокиќ броеше до 40 (Видео)
-
Италија23 часа
Интер го возврати ударот и му се „залепи“ на лидерот Наполи (ВИДЕО)
-
Свет11 часа
Модриќ ја издвои омилената „десетка“ од младите ѕвезди: Тој има светла иднина
-
Англија22 часа
Ловрен за ситуацијата на Салах во Ливерпул: Знам многу работи…
-
Шпанија9 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Балкан12 часа
Јеличиќ: Ристовски последниот добар меч го одигра уште кога не постоеше Северна Македонија
-
Франција9 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
НБА8 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)