Поврзете се со нас

Шпанија

Хамес откри со кој играч на Реал сака да си размени дрес на престојното дерби: Тој е гениј

Објавено

на

Foto:x.com/RayoVallecano

Хамес Родригез не ужива во минутажа каква што очекуваше по направениот трансфер во Рајо Валјекано, но се надева дека ситуацијата ќе се промени и дека во текот на сезоната ќе добие далеку поголена шанса од тоа досега.

Колумбискиот капитен беше прогласен за МВП на Копа Америка и на 34-годишна возраст покажа дека е во врвна форма, а иако звучи чудно, тоа не му гарантира стартно место во тимот на Рајо кој претстојниот викенд ќе игра градско дерби против Реал.

Родригез ќе игра против клубот во кој се етаблираше како една од најголемите фудбалски ѕвезди во светот, па во увертирата за натпреварот на „Валјекас“, Хамес откри и со кој играч сака да си го размени дресот.

– Не сум човек кој често бара размена на дресови, а тоа е една од работите за кои сеа каам во оваа фаза од кариерата. Секогаш бев тивок и срамежлив на таа тема. Никогаш не сум сакал да барам дрес, навистина никогаш не ми било силна страна. За мечот во сабота, би побарал дрес од Модриќ. Имав многу добар однос со него, ако не од него, би побарал од Васкез.

– Модриќ ја носи 10-та која ја носев јас своевремено. Модриќ е вистински мозок, вистински фудбалски гениј. Имав можност да играм со него и како што одминуваат годините, тој е се подобар. Колку е повозрасен, толку е подобар. Кога играв со него беше многу добар, но сега е гениј, – потенцира Хамес во интервјуто за „Марка“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни