Поврзете се со нас

Англија

Хамес на преговори со азиски клуб кој може да ги исполни неговите финансиски услови

Објавено

на

Хамес Родригез и натаму се обидува да си пронајде нов клуб, откако Рафаел Бенитез очигледно не смета на неговите услуги во редовите на Евертон.

Заминувањето на Карло Анчелоти и назначувањето на Бенитез на менаџерската функција дополнително ја искомплицираа ситуацијата за Колумбиецот, кој не успеа да си пронајде нов европски клуб во веќе завршениот преоден рок.

Сезонава тој нема настап за Евертон, а последниот му датира од 16. мај.

Според добро упатите британски медиуми, Хамес денеска отпатувал во Катар каде ќе води завршни преговори за потпис на клуб кој настапува во катарското првенство.

Ако се на дека неделната плата на Родригез е 200.000 фунти, јасно е дека нема многу клубови кои можат да ги исполнат неговите финансиски услови.

Евентуалниот трансфер ќе го спаси Евертон од големите трошоци за платата на Хамес, па Бенитез можеби уште во јануари ќе ја засили екипата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни