Поврзете се со нас

Свет

Хамес му продаде „сомбреро“, Винисиус направи глупост и нема да игра во големото четвртфинално дерби (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/FCFSeleccionCol

Хамес Родригез беше убедливо најдобар играч на теренот на дерби пресметката која ја имаа Колумбија и Бразил за првото место во групата, битка која на крајот заврши без победник.

Тоа повеќе им одговараше на „кафетеросите“ кои во третото коло пристигнаа со две победи, па така ремито од 1:1 значеше дека Колумбија патува како прва во нокаут рундата и добива полесен противник.

Бразил си ги закомплицира работите и фаворитот во четвртфиналето го чека пеколно дерби со Уругвај, а работата ќе биде уште посложена за селекторот Доривал Жуниор поради неиграњето на Винисиус Жуниор.

Ѕвездата на Реал Мадрид направи глупост во шестата минута и поради удар со рака во глава заработи жолт картон, па така сега нема да може да им помогне на соиграчите во првата нокаут фаза.

Разиграниот Родригез му продаде „сомбреро“ на Вини уште во воведот од натпреварот, а бидејќи претходно Бразилецот беше опоменат во почетните две рунди, сега мора да одработи суспензија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни