Поврзете се со нас

Шпанија

Хамес ќе ја носи „10-та“ во новиот клуб во Шпанија: Овој трансфер е на исто ниво како оној на Марадона во Наполи! (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/RayoVallecano

Угледната „Марка“ ексклузивно информираше дека Хамес Родригез ќе биде „бомбата“ на Рајо Валјекано по повод 100-годишнината од постоењето на клубот, а новата работна недела беше отворена со вест која ја чекаа сите во мадридското предградие.

Рајо со огромно задоволство потврди дека го повторува рецептот со Радамел Фалкао и дека привлекува уште една огромна колумбиска ѕвезда на „Валјекас“, а Хамес во своето второ искуство во шпанската престолнина повторно ќе ја носи „10-та“.

Точно 10 години по трансферот кој го направи во Реал Мадрид, Родригез сега добива шанса во далеку помалиот клуб од престолнината, но мотивација да се натпреварува во Ла Лига сигурно нема да му недостасува.

Хамес блескаше на Копа Америка и беше избран за најдобар играч на турнирот во Јужна Америка, па затоа претседателот на Рајо Валјекано изјави дека ангажманот на Колумбиецот го става на исто рамниште со оној на Марадона во Наполи пред речиси четири децении.

– Трансферот на Хамес буди возбуда кај сите, уште повеќе ако се знае дека МВП играчот од Копа Америка одлучи да го избере Рајо на стогодишнината од постоењето на клубот.

– Овој потпис го ставам на исто ниво како трансферот на Марадона во Неапол. Во тоа време, Наполи беше скромен тим и го направи тоа што ние го направивме сега. Го купивме најдобриот играч од Копа Америка, – изјави претседателот на Рајо, Мартин Преса.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни