Хамес: Ќе имаме шанси на „Бернабеу“ само во еден случај

james-modric

Хамес Родригез имаше навистина пристојно издание против својот поранешен тим и всушност беше асистент за голот кој го постигна Баерн против Реал Мадрид, но сепак тоа не се покажа како доволно за да се урне „кралскиот клуб“ кој мора да се признае дека беше крајно ефикасен на „Алијанц арена“.

Реал победи со 1:2 и направи голем исчекор кон ново финале во Лигата на шампионите, а свесен за тоа е и самиот Родригез кој смета дека тој и неговите соиграчи ќе имаат тешка задача на „Сантијаго Бернабеу“ наредната недела. Сепак, Колумбиецот не се откажува од можен пресврт, но за да се случи тоа потенцира дека мора да се промени една работа, односно да ги искористат сите шанси кои ќе им се укажат.

– Бевме многу блиску до нив. Тие имаа само две чисти шанси и постигнаа голови. Баерн имаше четири или пет и не знаевме како да ја вметнеме топката во голот. Тоа навистина фрустрира, одигравме навистина добар меч. Сега мора да мислиме и да се насочиме на реваншот. Таму ќе биде многу тешко, но мора да ги претвориме во голови сите шанси кои ќе ги имаме. Само така ќе имаме шанса, – истакна Родригез за мини интервјуто за „Беин Спортс“ по крајот на мечот во Минхен.

Facebook Коментари