Поврзете се со нас

Англија

Хамес изведе фудбалска бравура на „Гудисон парк“: Постигна гол од неверојатна ситуација, но ВАР му го расипа славјето (Видео)

Објавено

на

Лидс Јунајтед вчера оствари голема победа на гостувањето во Ливерпул и за првпат славеше на „Гудисон парк“ по пауза од 30 години, откако избраниците на Марсело Биелса искористија една од многуте шанси кои ги создадоа во текот на 90-те минути.

Победата од 0:1 беше максимално заслужена за нашиот Џани Алиоски и неговите соиграчи, но покрај погодокот на Рафиња, видовме уште два за Евертон кои беа поништени.

И двата беа оправдано поништени, но сепак оној што го постига Хамес Родригез беше вистинска фудбалска минијатура и голема штета е што беше неколу сантиметри понапред од последниот играч на Лидс.

Колумбиецот успеа да прими една тешка топка во невозможна ситуација и се снајде во „мртов агол“, а иако постигна гол и се израдува, на крајот истиот не беше впишан во официјалниот бележник на натпреварот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни