Поврзете се со нас

Свет

Хамес го собори рекордот на Меси и порача: Заслужено сме во финалето…

Објавено

на

Foto:x.com/FCFSeleccionCol

Селекцијата на Колумбија ќе биде противникот на Аргентина во големото финале на Копа Америка.

По паузат од 23 години Колумбиците повторно се во позиција да дојдат до трофеј на оваа сезона, ситуаиција за која се изборија по славјето над Уругвај од 1-0. Комплетното второ полувреме го играа со играч помалку, ама борбено, организирано ја задржаа стекнатата предност од првиот дел и ќе играат на последниот меч на турнирот.

-Имавме одличен меч. Судијата не беше добар. Момците кои бранеа добро се снајдоа. Играта беше многу комплицирана, против многу тежок противник, но заслужено изборивме пласман во финалето. Овде сум скоро 13 години и го сакам ова. Среќни сме, -порача Хамес Родригез.

Токму Родригез постави нов рекорд и го надмина Лео Меси по бројот на остварени асистенции на Копа Америка.

Хамес против Уругвај ја забележа 6. асистенција со што изби сам на вечната листа пред Меси кој досега беше водечки со 5 остварени во 2011 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни