Поврзете се со нас

Свет

Хамес го реализираше неочекуваниот трансфер

Објавено

на

Откако се комплетираа сите формалности, во текот на денешниот ден беше реализиран неочекуваниот трансфер на колумбискиот интернационалец, Хамес Родригез.

Играчот кој своевремено важеше за еден од најголемите светски таленти, по неуспешната авантура во Евертон кариерата ќе ја продолжи во редовите на катарскиот клуб, Ал Рајан.

Од таборот на Евертон објавија дека е постигнатофицијален договор со клубот од Катар без притоа да ја одредат висината на трансфер обесштетувањето.

За Хамес Родригез во летниот преоден рок постоеше интерес од Милан и Наполи, но италијанските клубови не можеа да му излезат во пресрет во поглед на финансиските барања, па играчот одби да потпише за нив.

Колумбиецот пристигна во Евертон пред точно една година и за „карамелите“ одигра 26 средби на кои постигна шест погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни