Хамбург игра во трета лига, но цел град живее за ракомет: Светски рекорд и величествена атмосфера за паметење (Видео)

hamburger-treta

Хамбург пред три години мораше да се помири со фактот дека од европски ракометен великан ќе се претвори во тим кој ќе настапува во третата лига, но тоа не ги спречува фановите на овој клуб да рушат рекорди во Германија кога е во прашање посетеноста на натпреварите на првиот тим.

Поранешниот европски шампион во 2014 година беше исфлен во трета лига поради банкрот, но сега се потруди да им понуди вистинско ракометно уживање на фановите за време на Божиќ, изнајмувајќи ја својата поранешна сала во која ги играше натпреварите, „ Баркликард арена“.

Страшната атмосфера на мечот меѓу Хамбург и Фреденбек едноставно го понесе тимот да слави убедлива победа од 36:24, а овој натпревар ќе се памети и по апсолутниот рекорд на навивачи на еден натпревар од третата лига, дури 9.000.

Со ова, Хамбург уште еднаш ни покажа дека е град кој живее за ракометот, а во продолжение погледнете каква беше атмосферата во салата…

hamburger-treta-1

hamburger-treta-2

hamburger-treta-3

hamburger-treta-4

hamburger-treta-5

Facebook Коментари