Поврзете се со нас

Европски првенства

Хаман за потегот на Роналдо против Ридигер: Изгледаше како будала (ВИДЕО)

Објавено

на

Репрезентацијата на Германија успеа со пресврт да го добие дербито против Португалија и со тоа да се стави во добра позиција за пласман во нокаут фазата на Европското првенство.

Германците одиграа квалитетен меч во кој иако први примија гол не се откажаа од зацртаната стратегија, енерија и за нивниот труд беа наградени со триумф кој е од огромно значање со оглед на тоа што во последното коло ќе ја дочекаат Унгарија во Минхен.

При резултат 1-0, Кристијано Роналдо имаше еден магичен потег во дуелот со Антонио Ридигер, потег кој донесе позитивни коментари и воодушевување кај голем број на фанови, но во таа група не е Дитмар Хаман.

Поранешниот германски репрезентативец смета дека Кристијано сакал да го понижи противникот, а притоа смета дека тој момент донел дополнителна енергија кај неговите сонародници, поточно од тука бил најавен пресвртот.

-Тоа е глупост. Ја префрли топката, се преправаше дека ќе ја фати и ја удри со пета гледајќи на страна…секако дека е фантастично и знаеме дека може тоа да го направи…мислам дека на некој начин го понижува противникот.

-Ова е на 1-0 и јас седам овде додека сите се радувате на тоа. Да, тој е најдобар заедно со Меси… Сега изгледа како будала. Ова го прави на 1-0. Тој навистина изгледа како будала. Ако ги прашате германските играчи, ќе ќе ви кажат што мислат за тоа. Тоа го забележаа. Ви велам сите ќе кажат дека добиле екстра мотив за да ги променат работите.

-Што се обидуваше да постигне? Можеби германскиот камбек тука започна, -истакна Хаман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни