Поврзете се со нас

Германија

Хаман за изјавата на Флик: Очекувам брза реакција од федерацијата

Објавено

на

Ханси Флик денеска самиот потврди дека ќе го напушти Баерн Минхен по крајот на сезоната, а таа изјава донесе и многу реакции на германската фудбалска јавност.

Поранешниот репрезентативец Дитмар Хаман не е изненаден од информацијата и побара брза реакција на Германската фудбалска федерација.

– Она што го соопшти Флик денеска беше јавна тајна. Досегашните изјави од двете спротивставени страни беа потврда дека не постои можност за продолжување на соработката.

– Се надевам дека одговорните во федерацијата ќе реагираат брзо, затоа што според мене не постои подобра опција за нов селектор од Флик, – изјавил Хаман алудирајќи на најавеното заминување од селекторската функција на Јоаким Лев.

Лев ќе ја напушти функцијата по претстојното Европско првенство, а за Флик тоа би била идеална опција околу следниот ангажман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни