Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Хаман за фаворитот за титулата во ЛШ: Тие се најдобрата екипа во Европа

Објавено

на

Некогашниот фудбалер на Баерн Минхен, Њукасл, Ливерпул и Манчестер Сити, Дитмар Хаман ја издвои екипата која според него е прв фаворит за титулата во Лигата на шампионите.

Сезоната во најелитното натпреварување е прекината и не се знае кога истата ќе продолжи, но со оглед на тоа што првенствата во најсилните лиги се на добар пат да се вратат или веќе се вратени (Бундеслигата), тогаш повеќе од реално и да се заврши кампањата во ЛШ.

Ако тоа се случи според Хаман тимот кој е најдобар и ќе треба да се победи е Баерн Минхен кој да потсетиме го прегази Челси во првиот осминафинален меч на „Стемфорд Бриџ“.

-Баерн има прилично висок стандард оваа сезона, малку се мачеше под стариот менаџер, но со сегашниот, Ханси Флик, тимот повторно игра. Мислам дека тие се веројатно најдобриот тим во Европа во моментот. Мислам дека ако продолжи Лигата на шампионите, Баерн е тимот што треба да се победи.

-Во Бундеслигата, минатата недела имаа четири бода предност пред Дортмунд, мислам дека Дортмунд требаше да добие пенал, можеби црвен картон за Боатенг и простор за да израмни, ама начинот на кој тие играат, во саботата дадоа неколку голови кои беа брилијантни, -истакна Хаман.

Ист став како Диди има и Бербатов кој ги посочи баварците како состав кој е кандидат број еден за трофејот.

Бербатов го издвои тимот кој е фаворит за пехарот во ЛШ

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни