Поврзете се со нас

Германија

Хаман за ѕвездата на Баерн: Тухел не го сака во екипата, нивните патишта се разминуваат

Објавено

на

Foto:instagram.com/hamann.didi

Дитмар Хаман како поранешен германски репрезентативец и човек што има оставено трага во фудбалот во оваа земја секогаш има што да каже за различни теми, ставови кои знаат да предизвикаат доста реакции и коментари.

Хаман во својата кариера имаше можност да настапува во Баерн Минхен, да освојува титули, да се радува на успеси, па според него актуелниот германски првак во 2024 година ќе остане без својата легенда Томас Милер.

На Милер му завршува договорот во месец јуни и според Диди истиот нема да биде продолжено затоа што тренерот Томас Тухел не го гледа во екипата во натпреварувачката 2024/2025.

-Моето чувство е дека нивните патишта се разминуваат. Тухел не го сака Милер во Баерн следната година, -порача Хаман.

Томас има одиграно 15 мечеви во сезоната, но одиграно само 575 минути со тоа што неговиот учинок е добар со два гола и пет асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни