Поврзете се со нас

Германија

Хаман удри по Дортмунд и застапниците на Халанд: Ова е срамно…

Објавено

на

Тимот на Борусија Дортмунд претрпе пораз од Ајнтрахт Франфурт (2-1) во Бундеслигата и со тоа се стави во многу тешка позиција за пласман во Топ 4, односно за местата кои водат во Лигата на шампионите во наредната сезона.

Овој негативен резултат дојде во време кога постојано се говори за иднината на напаѓачот Ерлинг Халанд, во време кога неговиот татко Алф Инге и агентот Мино Раиола почнаа отворено да му бараат нов клуб, па беа во Шпанија на разговори со Барселона и Реал Мадрид.

Според некогашниот германски репрезентативец, Дитмар Хаман ова е недопустливо, срамно, па тој удри како по Дортмунд така и по Алф-Инге и Раиола.

-Најважен меч од сезоната и не можете да го спречите таквото однесување затоа што ви е страв да не го вознемириш фудбалерот. Дортмунд треба да се замисли зошто фудбалерите си одат така од кај нив, тука фали лидерство.

-Однесувањето на таткото на Халанд и на Раиола е бесрамно, без грам почит. Ако сака да си оди, пуштете го. Дортмунд плати многу пари за 18-годишник, тој треба да биде среќен што овде игра, -порача Хаман за „Скај Германија“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни