Поврзете се со нас

Англија

Хаман сериозно го нападна Џуд: Суспензијата на Белингам може да биде благослов за Англија!

Објавено

на

Foto:x.com/England

Џуд Белингам се уште е под истрага од УЕФА и нема донесено одлука дали ќе заработи казна за својата гестикулација на мечот со Словачка, но доколку дојде до суспензија, Диди Хаман смета дека тоа ќе биде предност и благослов за англискиот тим.

Легендарниот германски играч за врска е еден од експертите кои имаат најрадикален став за низа случувања во светскиот фудбал, а како што стојат работите, слободно може да се заклучи дека не му се допаѓа новата англиска ѕвезда.

Поранешниот фудбалер на Ливерпул потенцира дека воопшто не е импресиониран од однесувањето на Белингам, не само поради спорната гестикулација, туку и поради самобендисаноста која ја покажал при постигнатиот гол. Џуд извикуваше „кој друг“ откако израмни длабоко во судиското продолжение, но револтот на Диди кон Белингам всушност датира уште пред две години.

– Не ми се допаѓа однесувањето на Белингам и тоа не го кажувам првпат. Пред две години во Борусија, даде лоша изјава за судијта Феликс Цвајер. Тогаш се извлече и доби само парична казна, но според мене, требаше да биде жестоко суспендирарн.

– Треба да сфати дека без соиграчите, тој не може да направи ништо. Навистина ме интересира што кажале неговите соиграчи на таквата негова прослава. Освен што постигна голови, не направи ништо за тимот на првите четири натпревари на Европското првенство. Нема сомнеж дека е талентиран, но прави работи кои не треба да ги прави и кои не ми се допаѓаат.

– Саутгејт сега може да има и среќа ако Белингам заработи суспензија од УЕФА, тоа може да биде благослов за него. Неиграњето на Џуд може да и помогне на Англија во четвртфиналето, нешто мора да се случи за да се размрда играта во англискиот тим, – вели Хаман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни