Лига на шампиони
Хаман прогнозира потоп на ПСЖ во финалето на ЛШ
Во недела од 21 часот Баерн Минхен и Пари Сен Жермен ќе ги одмерат силите во големото финале на Лигата на шампионите, првите ја бркаат шестата титула во ова натпреварување, додека вторите своето првенче во елитната конкуренција.
Двата состави имаат квалитетни играчи, супер ѕвезди и многумина очекуваат неизвесен фудбал до самиот крај, но според некогашниот германски репрезентативец Димтар Хаман финалето ќе оди во еден правец и Баерн ќе слави со убедливи 4-1.
-Toa што не ми се допаѓа кај Пари Сен Жермен е глумата на Нејмар, но Баерн може да живее со тоа на средина на теренот. Она што треба да направат Баварците е да го спречат Нејмар со топката во опасните зони, околу шеснаесетникот – таму е технички неверојатен и може штета да им направи. Од самиот почеток, Баерн мора да му каже дека нема да му биде лесно. Бразилецот треба да докаже дека може да го доведе тимот до најголемата титула, јас сепак имам големи сомнежи за тоа.
-Исто така, тие треба да го спречат Mбапе да се залета со топката во неговите нозе, тогаш е неверојатно тешко да се контролира, тоа треба однапред да се размислува. Освен двајцата, не смеат да го заборават ниту Ди Марија, тој може да направи разлика, што се виде во дуелот со Лајпциг. Овие се три големи sвезди, брзи и технички одлични играчи, но лично, мислам дека не се толку хармонични како тим, како што е случајот со Баерн.
-Мислам дека ПСЖ не е на ниво на Баерн. Тие беа добри против Лајпциг, но исто така мислам дека Лајпциг со играта го натера тимот на Тухел да изгледа подобар отколку што е навистина. Според мене, нема физички подготвен тим од Баерн и тоа не треба да се потцени во финалето. Се обложувам на чиста победа на Баерн од 4: 1, -порача Хаман.
-
Шпанијапред 21 час
Најдобриот играч на Реал од првиот дел од сезоната: Доживеав пад, не сум истиот по мундијалот
-
Светпред 10 часа
Данецот се повлече од терените: Хансен ја прекина кариерата поради стрес!
-
НБАпред 21 час
ЛеБрон го собори рекордот на Абдул-Џабар, Лејкерс загубија во историската ноќ (Видео)
-
Шпанијапред 14 часа
Чуамени ги разочарал одговорните во Реал по враќањето од мундијалот
-
НБАпред 16 часа
Момент за историја: Абдул-Џабар лично му честиташе на ЛеБрон за рекордот (Видео)
-
Францијапред 6 часа
Малиновски ја „искина“ мрежата на Донарума, ПСЖ е елиминиран од Купот на Франција (ВИДЕО)
-
Англијапред 18 часа
Куман смета дека Гакпо избрзал со трансферот во Ливерпул
-
Италијапред 20 часа
Демирал ќе искористи дресови на поранешни соиграчи за собирање помош за Турција