Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Хаман оптимист: Баерн треба да се плаши само од еден тим во ЛШ

Објавено

на

Баерн Минхен влезе во сериозна криза и трите порази во низа го натераа раководството да склучи интересен пакт со Томас Тухел, според кој двете страни ќе се разделата на крајот од сезоната.

После долги години, Баерн е под сериозна закана да остане без трофеј во една натпреварувачка сезона, бидејќи во ситуацијата кога се загуби балансот во националните натпреварувања, единствена шанса остана само Лигата на шампионите.

Баерн остана во игра за најпрестижниот трофеј поради пресвртот кој го режираше против Лацио пред неколку дена, а овој резултат и последните движења во клубот влеаја и голем оптимизам кај Диди Хаман.

– За среќа, повторно се врати позитивизам во клубот, токму во моментите кои се клучни во сезоната. Победата од 3:0 над Лацио, назначувањето на Макс Еберл за нов директор и враќањето на играчи како Гнабри, Дејвис и Лајмер се позитивни вести. Набрзо може да се врати и Коман. Ќе има конкуренција за секоја позиција на теренот и тоа е клучно за најдобри перформанси.

– Потребна е и среќа, но Баерн може да влезе во добра моментум и ако ги избегне Сити и Реал во следната фаза, има големи шанси да ја освои Лигата на шампионите. Ги гледав натпреварите на другите тимови, освен од Сити, Баерн не треба да се крие и да се плаши од ниту еден друг тим , – потенцира Хаман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни