Англија
Хаман најде идеална замена за Трент во Ливерпул: Брилијантен играч за само 40 милиони евра

Трент Александер Арнолд останува тивок и не се огласува за својата иднина во ситуација кога сите го селат во Реал Мадрид, но Дитмар Хаман вели дека клубот треба да реагира доста брзо и навреме да обезбеди играч кој ќе го замени фантастичниот десен бек.
Легендарниот Диди мина незаборавни години на „Енфилд Роуд“ и важи за човек кој често дава коментари за состојбата во Ливерпул, па овојпат на неговото мени се најде десната бековска позиција, која традиционално стана многу важна во системот на „црвените“.
Хаман вели дека ја разбира одлуката на Трент да му се приклучи на големиот Реал Мадрид, но од друга страна, го советува Ливерпул што побрзо да го договори Џереми Фримпонг.
– Ако Трент навистина си оди од Ливерпул, нависитна не ми е јасно зошто тој и клубот не излезат со објаснување за ситуацијата. Не гледам причина зошто тоа би се држело во тајност, тој изгледа како играч кој сака да си оди. Можност да одите во Реал Мадрид доаѓа еднаш во кариерата, па нема да му судам ако го направи тоа.
– Реал Мадрид е тим кој сака да ја има топката во своите нозе, а Трент поседува многу квалитети во таква ситуација. Многумина зборуваат за неговите дефанзивни недостатоци, но неговата пас игра е неверојатна и перфектно би се вклопил во Реал, – порачува Хаман, па продолжува да говори за играчот кој го гледа како негова замена.
– Бев изненаден што лани никој не го купи Фримпонг за сума од 40 милиони евра. Никој не ја искористи откупната клаузула, а станува збор за брилијантен фудбалер. Има неверојатна брзина, знае да постигнува голови, но и да намести голови. Тој е модерен фудбалер и брзо би се адаптирал во Премиер лигата. Тој повеќе е офанзивен играч, но ќе биде извонреден за Ливерпул. Тој е одлична опција за замена на Трент, – завршува Хаман.
-
НБА9 часа
Дејвис направи „бунар“ и се пожали на повреда, камерата се сврте кон човекот кој се откажа од Дончиќ (Видео)
-
Шпанија8 часа
Анчелоти обелодени каква била реакцијата на Перез и посочи што најмногу го повредило од елиминацијата во ЛШ
-
Лига Европа23 часа
Мегваер за победата на Јунајтед: Ова беше најчудниот, најлудиот…(ВИДЕО)
-
Балкан23 часа
Трагедија во Карловац: Во сообраќајка загина поранешен хрватски репрезентативец
-
НБА11 часа
Дончиќ откри дека го искршил својот телефон откако дознал за трејдот во Лејкерс, покажа и како изгледа (Видео)
-
Лига на шампиони11 часа
Ханси Флик обелодени каков впечаток му оставил Интер и издвои еден играч: Едвај чекам да го видам
-
Англија10 часа
Откако не се докажа и под водство на Слот: Ливерпул чека понуди за најскапиот играч во својата историја
-
Лига на шампиони6 часа
Фердинанд има фаворит за пехарот во ЛШ: Тие ќе бидат шампиони