Поврзете се со нас

Германија

Хаман: Мане не е среќен во Баерн…

Објавено

на

Садио Мане се реши да направи промена на клупската средина ова лето и од Ливерпул премина во редовите на Баерн Минхен.

Меѓутоа ако се суди по досегашниот престој Сенегалецот има проблеми во таборот на „баварците“, односно засега не успева да ги даде посакуваните партии и да изгледа онака како што сите посакуваа на „Алијанц Арена“.

Мане требаше да донесе голови и да биде некој вид на замена за Роберт Левандовски, ама досега има пет голови на единаесет натпревари. Поранешниот германски репрезентативец, Дитмар Хаман направи анализа на оваа ситуација и според него напаѓачот во моментов не е среќен во Баерн.

-Мане не се вклопи, тоа се гледа. Го гледав во Ливерпул, каде знаеше да игра како напаѓач, но тоа не е негова позиција. Сега мора да го игра постојано и не ми изгледа среќен. Изгледа изолирано и речиси не учествува во играта. Баерн мора да најде начин да му помогне, -изјави Хаман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни