Поврзете се со нас

Англија

Хаман искрено за коментарот на Марк Клатенбург за Клоп: Тоа што го кажа е вознемирувачко

Објавено

на

Поранешниот англиски судија, Марк Клатенбург во текот на вчерашниот упати остри зборови на адреса на Јирген Клоп кој се жалеше за судењето и за тоа што Манчестер Јунајтед добива многу пенали во Премиер лигата.

Клатенбург во една прилика истакна дека Клоп вршел притисок исто како што Сер Алекс вршел притисок врз судиите додека го водеше Манчестер Јунајтед.

Некогашниот најдобар англиски судија се навреди поради начинот на кој Клоп ги нападна судиите во Англија посочувајќи дека тој е лицемерен затоа што и неговите играчи се обидуваат да изнудат пенал.

На ваквите изјави на Клатенбург реагираше Хаман кој истакна дека е вознемирувачко кога ќе слушнеш некој кој судел во времето на Сер Алекс дека тој вршел притисок врз судиите.

– Прилично е вознемирувачко кога ќе чуеш од некој кој судел во времето на Сер Алес Фергусон да признае дека поради притисок имало судиска наклонетост кон Јунајтед, -напиша Хаман на Твитер.

Натпреварот помеѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед предизвикува големо внимание кај јавноста поради фактот што овие два тима се издвоени на врвот на премиерлигашката табела, па евентуален неуспех  за некој од нив би можел да значи чекор назад во битката за титулата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни