Англија
Хаман има лудо сценарио за Гвардиола: Секој сонува да биде нивен тренер
Пеп Гвардиола се ноаѓа во најголемата криза во неговата досегашна тренерска кариера, па останува да се види како ќе се развива приказната со премиерлигашот Манчестер Сити иако неодамна го продолжи договорот со составот од „Итихад“ до 30 јуни 2027 година.
Се оглед на се што има направено во досегашниот тек сосема очекувано е Шпанецот да се најде во фокусот, центарот на вниманието, да се говори за неговите потези, одлуки, иднина за која некогашниот германски репрезентатиивец Дитмар Хаман подготви едно лудо сценарио.
Хаман смета дека Гвардиола би можел да го преземе Реал Мадрид затоа што според него секој стратег сонува да го води најтрофејниот клуб во ЛШ.
-Пеп освои се во клупскиот фудбал, но клуб кој го нема водено е Реал Мадрид и за секој тренер тоа е огромна работа. Тој е човек на Барселона, па не сум сигурен дека би го сакал тоа и тој е од Каталонија – иако да бидам фер, сон на секој тренер е да ги води нив. Со националниот тим, тој ја нема таа секојдневна интеракција што очигледно ја сака и добивате играчи само десет дена во месецот.
-Сепак, мислам дека националниот тим е најверојатен. Ако каже дека нема да раководи со друг тим, тогаш има смисла, бидејќи е стресна работа да се биде менаџер во Премиер лигата, -истакна Хаман.
-
Италија23 часа
Консеисао директен: Можам да зборувам и два часа, но ако играчите…
-
Светски првенства20 часа
Николов и Начевски ја добија првата задача на СП
-
Италија17 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Англија23 часа
Кукурелја беше жртва на еден од најбезобразните потези во Премиер лигата, судијата шокираше со одлуката (Видео)
-
Англија22 часа
Клоп со совет до Ливерпул за ситуацијата со Салах: Тој е најдобриот…
-
Македонија20 часа
РФМ и клубовите се збогуваат со Јовиќ: Загубивме вреден спортски работник…
-
Англија19 часа
Гвардиола ја објасни „кавгата“ со голманот Ортега по ремито со Брентфорд (ВИДЕО)
-
Англија13 часа
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)