Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Хаман: Гвардиола беше виновен за поразот на Сити во финалето на ЛШ (ВИДЕО)

Објавено

на

Некогашниот германски репрезентативец, Дитмар Хаман смета дека Пеп Гвардиола сноси голема вина за поразот на Манчестер Сити од Челси во финалето на Лигата на шампионите.

Натпреваварувачката 2020/2021 во елитното натпреварување беше затворена со битката на премиерлигашите која ја доби Челси со 1-0 со погодокот на Каи Хаверц во самиот финиш на првото полувреме. Со ова Сити пропушти голема шанса да испише нова историја, да дојде до прв пехар на најголемата сцена по толку потрошени средства низ изминативе 10-15 години.

Хаман смета дека одлуката на Пеп Гвардиола да игра без класичен играч за врска била пресудна Тухел да излезе како победник, поточно „сините“ да бидат европски шампиони.

-Во финалето Томас Тухел имаше корист од лудилото што го создаде Пеп Гвардиола без да игра со дефанзивен играч од средниот ред, но во лигата беа 25 поени зад Сити во минатата сезона, а и неодамна им одржа лекција, -вели Хаман.

Само за потсетување споменатото финале Пеп го започна со Гундоган, Фоден и Силва на средината на теренот, а на клупата останаа Фернандињо и Родри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни