Поврзете се со нас

Германија

Хаман го разлути раководството на Баерн со својата изјава за најголемиот потенцијал: Уште утре би го заменил со Вирц!

Објавено

на

Фото: www.instagram.com/hamann.didi

Дитмар Хаман се истакна со максимално песимистички и критички настроени анализи во последните неколку години, па откако во минатото го разулти Јирген Клоп, сега тоа го направи и со водечките структури во Баерн Минхен.

Баварскиот великан цел свој план за во иднина го потпира врз Џамал Мусиала и верува дека „10-та“ на Германија може да прерасне во нов „Томас Милер“, но после сите вакви најави од „Алијанц арена“, сега пристигна една спорна колумна на Хаман, која предизвикала голем револт во Минхен.

Како што пренесуваат угледните германски медиуми, најважните луѓе во Баерн се огорчени од зборовите на поранешниот фудбалер, кој во својот текст максимално го оцрнува талентираниот фудбалер кој воедно беше најдобар играч на Германија на Европското првенство.

– Може да играте успешен фудбал со Мусиала, но ако погледнете малку наназад, Баерн почна да се потпира на индивидуален квалитет токму поради Џамал. Мусиала е преголем индивидуалец и пречесто сака да има соло игра. Од десет пати кога ја добива топката, во девет наврати ја спушта главата и почнува да дрибла.

– За разлика од него, Вирц ја подига главата и ги проигрува соиграчите. Тој го прави тимот подобар, а Џамал не го прави тоа. Од гледна точка на Баерн, да можев уште утре ќе го заменев Вирц со Мусиала, – гласи колумната на Хаман која ги разбесни Баварците.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни