Хаман го предупреди Јунајтед: Не смеат да го загубат дербито со Сити…

junajted-kristal

Овој викенд во фудбалска Европа се играат нови средби од редовните кола, а еден од оние кои најмногу привлекуваат внимание е манчестерската дерби пресметка меѓу Јунајтед и Сити.

„Граѓаните“  доаѓаат на „Олд Трафорд“ со учинок од 14 победи и едно реми во првите 15 рунди или поточно има позитива од осум поени пред градскиот ривал. Токму поради ова поранешната премиелигаша ѕвезда, Диди Хаман јасно и гласно посочува оти Жозе Мурињо и неговите избраници во никој случај не смеат да си дозволат пораз на неделниот меч.

-Мислам дека во последните години Сити влегува како фаворит на натпреварите, а така е и овој пат бидејќи играат многу јако во лигата. Ова е меч кој Јунајтед не смее да си дозволи да го загуби, бидеќи во спротивно разликата би можела да биде виде преголема со оглед на играта на Сити во моментов.Мислам дека е тешко да се надокнади пет-шест бодови, а не пак девет или десет, -истакна Хаман за „Скај Спортс“.

Facebook Коментари