Поврзете се со нас

Германија

Хаман го критикува германскиот селектор Нагелсман за еден невообичаен потег

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/dfb_team

Јулијан Нагелсман доби критики од поранешниот репрезентативец Дитмар Хаман поради еден невообичаен потег во периодот кога извршува функција на германски селектор.

Нагелсман го следеше во живот куп натпреварот меѓу Штутгарт и Борусија Дортмунд, но на трибините беше во придружба на својата девојка Лена Вурценбергер.

Вообичаено селекторите ги следат натпреварите сами или во придружба на најблиските соработници, но Нагелсман бил придружуван од партнерката, нешто што го разбесни Хаман.

– Кога го видов тоа, си реков: Не, ова е невозможно.

– Германската репрезентација е во кал до глава, а селекторот си оди на семејно патување во Штутгарт.

– За мене ова е непрофесионален и некоректен потег, посебно во околностите во кои е нашата репрезентација изминатиот период, – рекол Хаман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни