Поврзете се со нас

Германија

Хаман го критикува Баерн за еден трансфер: Не требаше да му дозволат да замине

Објавено

на

Баерн Минхен летово се откажа од неколку квалитетни играчи, вклучувајќи го Матијс де Лихт, кој во новата сезона ќе го носи дресот на Манчестер Јунајтед.

Дефанзивецот заминува по само две сезони, а поранешниот германски репрезентативец Дитмар Хаман смета дека тоа е погрешен потег на Баварците.

– Јас не би се откажал од него.

– Можеби не успеа да ги повтори игрите од Ајакс во редовите на Јувентус и Баерн, но според мене тој беше најстабилен стопер на Баерн последните осум месеци.

– Тој е фудбалер кој зборува гласно и ги прави подобри своите соиграчи, не гледем дека другите стопери на Баерн можат да му парираат од овој аспект. Според мене, Баерн не требаше да му дозволи да замине, – рекол Хаман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни