Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Хаман ги издвои фаворитите: Две екипи можат да ја освојат титулата во ЛШ

Објавено

на

Фото: www.instagram.com/hamann.didi

Поранешниот германски репрезентативец и екс член на Баерн Минхен, Ливерпул, Њукасл и Манчестер Сити, Дитмар Хаман ги издвои екипите меѓу кои треба да се бара шампионот во Лигата на шампионите.

Иако до крајот само на групната фаза има да се доиграат уште две кола (плус денешната половина од 6. рунда) Хаман веќе има донесено заклучок и според него две тима се фаворити-тоа се Ливерпул и Баерн Минхен.

-Мои фаворити во Лигата на шампионите во моментов се Ливерпул и Баерн Минхен, но мислам дека и клубовите од Милано можат да претставуваат закана. Барселона малку падна и Арсенал е способен, но како лани загубија од Баерн беше навистина разочарувачки за нив.

-Ливерпул и Баерн беа таму и го правеа тоа порано, не знаеме што може да се случи од сега до финалето, но Ливерпул е најимпресивен, -вели Хаман и додава:

-Водството на Ливерпул во Премиер лигата ќе им помогне во Лигата на шампионите, како и избегнувањето да се натпреваруваат во плеј-оф натпревар што ќе значи дека имаат два натпревари помалку од Реал Мадрид. Ливерпул веројатно ќе може да одмори некои играчи и за последните неколку натпревари од Лигата на шампионите, што ќе му помогне во нивниот ритам. Има долг пат да се оди, но Ливерпул е многу добро поставен, -заклучу Германецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни