Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Хаман е убеден: Дортмунд ќе ја елиминира Барселона од ЛШ

Објавено

на

Фото: www.instagram.com/hamann.didi

Поранешниот германски репрезентативец, Дитмар Хаман верува дека Борусија Дортмунд ќе и земе мерка на Барселона во четвртфиналната рунда во Лигата на шампионите.

Дортмунд игра многу лоша сезона во Германија, но во елитното натпреварување се уште е жив, успеа со многу мака да го исфрли Лил и тоа со триумф на негов терен, победа од 2-1 која им овозможи двомеч со Барселона од која загуби со 3-2 во групната фаза.

-Барселона е широко отворена позади и не знам дали тоа ќе издржи на долги стази. Тие постигнуваат многу голови, се разбира, бидејќи имаат неверојатни играчи напред, но Дортмунд знае што е потребно, тоа го покажа минатата година. Мислам дека тие ќе ја исфрлат Барса во двомечот, -порача Хаман за „Скај“.

Првата средба се игра на „Монжуик“ на 9 април, реваншот на „Сигнал Идуна Парк“ е закажан за 15 април.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни