Халис: Реал има предност пред Барса за бараниот стопер на Интер

konte-skriniar

Реал Мадрид веќе неколку сезони игра со ист стоперски тандем (Рамос-Варан), па и покрај тоа што изминатово лето „кралскиот клуб“ го ангажираше Милитао, мора да се признае дека Бразилецот не успева да се наметне пред двајцата искусни фудбалери кои очигледно се недопирливи за Зидан.

Сепак, кога се идните планови во прашање, Реал уште пред две сезони го следи прогресот на Слоивакот Милан Шкриниар, талентираниот стопер кој во овој момент настапува за Интер, а кој според агенцијата која се уште го претставува е проценет на 100 милиони евра. Митхат Халис кој е член на компанијата „Стар енд Френд“ која и натаму го претставува фудбалерот проговори за можната иднина на стоперот, пред се ставајќи посебен акцент на двата великани кои се борат за неговиот потпис.

– Шкриниар вреди 100 милиони евра. Реал Мадрид и Барселона се натпреваруваа за него веќе две години, постојано ги следат неговите игри. Во овој момент, Реал е поблиску од Барса за договор со Интер, на нив им е потребен фудбалер од ваков тип повеќе отколку на Барселона. Реал Мадрид веќе бара алтернативи за Рамос и Варан, мислам дека поради тоа воспостави контакти за Шкриниар. Мислам дека Милан може во блиска иднина да заврши во Мадрид, – изјави Халис пред италијанските новинари.

Facebook Коментари