Поврзете се со нас

ВТА

Халеп доживеа убедлив пораз, па најави крај на кариерата

Објавено

на

Фото: https://www.instagram.com/simonahalep

Симона Халеп имаше многу малку настапи на ВТА турнирите изминатиов период, а денешниот на романска територија ќе биде запаметен по најавата дадена по неговото завршување.

Освојувачката на грен-слем титули загуби на турнирот во Клуж-Напока со убедливи 6:1/6:1 од Лусија Бронзети и по мечот најавила дека планира да се посвети на нешто друго во животот.

33-годишната Халеп по поразот се обратила пред присутната публика и ги шокирала тениските фанови со одлуката.

Кариерата на Романката доживеа голем удар по позитивниот допинг тест и подолгата пауза, поради казната која на крајот беше намалена, но очигледно имаше клучен удел во носењето ваква одлука на искусната тенисерка.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни