Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Халанд за првата реакција кон Гвардиола: Му кажав…

Објавено

на

foto:twitter.com/FabrizioRomano

Манчестер Сити доминираше во реваншот со РБ Лајпциг и оствари убедлива победа од 7-0 која ги одведе во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Во главна улога беше напаѓачот Ерлинг Халанд кој беше незапирлив и даде дури пет погодоци со што се израмни со Лионел Меси и Луиз Адријано кои своевремено имаа вакви партии во елитното натпреварување. Норвежанецот можеше да дојде и до рекорд, но тренерот Пеп Гвардиола се реши да го повлече од игра во 63 минута.

-Му реков (Пеп Гвардиола) дека сакав да постигнам двоен хет-трик, но што можам да направам?, -истакна Халанд за првата реакција кон тренерот при напуштањето на теренот.

-Голема ноќ! Прво, јас сум горд што играм на ова натпреварување, го сакам. Пет гола! Победа 7:0, тоа е неверојатно. Се ми е нејасно во мојата глава. Се сеќавам дека само шутирав, ама не можам да кажам кој гол ми е омилен. Мојата супер моќ е да давам голови. Треба ли да бидам искрен? Денес постигнав многу голови, не размислував за тоа. Само се обидував да ја спроведам топката во мрежата. Многу работи брзо се случија, има многу работи во главата. Работевме на пресингот, особено кога играме пред нашите навивачи, мора да трчаме и да го притиснеме противникот. Според мое мислење, ова треба повеќе да го правиме, -порача Норвежанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни