Поврзете се со нас

Англија

Халанд за „фенот“ на Гвардиола: Уживам кога го прави тоа

Објавено

на

foto:twitter.com/EmiratesFACup

Ерлинх Халанд вчера беше избран за најдобар играч за минатата натпреварувачка сезона од страна на УЕФА, а за време на церемонијата во Монако, престижна награда доби и Пеп Гвардиола.

Менаџерот на Манчестер Сити ја понесе титулата „најдобар тренер во Европа“, па комплетирањето на двете најважни награди од страна на членови од европскиот шампион е нешто што можеше да се претпостави.

Сити ја освои триплетата во историската сезона под водство на шпанскиот стручњак, која за Халанд беше прва во Англија и во семејството на „граѓаните“.

Халанд успеа да ги урне сите голгетерски рекорди во Премиер лигата во својата премиерна сезона, а откако доби награда од УЕФА, беше запрашан кој делува позастрашувачки, неговиот тренер, или неговиот татко.

– Тоа е добро прашање. Морам да признаам дека Пеп понекогаш изгледа застрашувачки, но таков знае да биде и мојот татко. Навикнат сум на таков однос и тоа е нешто што ми се допаѓа. Уживам кога Пеп бесно вика по мене, бидејќи тогаш во мојот мозок внесува нешто што нема на тоа место. Навистина ми се допаѓа кога ми се дере и воопшто не се жалам. Знам дека неговата цел е да направи подобар играч од мене, – вели Халанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни