Поврзете се со нас

Англија

Халанд вторпат испорача „петка“, Сити убедливо до четвртфиналето на ФА купот (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/ManCity

Манчестер Сити славеше со убедливи 2:6 го совлада Лутон на гостински терен и обезбеди место во четвртфиналето на англискиот ФА куп.

Фановите во Лутон имаа можност да видат неколку фудбалски раритети на ова соочување, а најмногу се истакна Ерлинг Халанд, кој вторпат во дресот на Сити стигна до пет погодоци на еден натпревар.

За да биде уште поинтересно, првите четири гола, Халанд ги реализираше на асистенции на Кевин де Брујне, а двајцата играчи имаа хет-трик во својата категорија уште во првиот дел.

Лутон парираше колку што можеше, а и двата гола на домашниот состав дојдоа по комбинација меѓу двајца исти играчи, односно асистенциите беа на Баркли, а реализациите на Кларк.

Шестиот гол за Сити за конечни 2:6 го постигна Матео Ковачиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни