Поврзете се со нас

Англија

Халанд виси за дербито со Ливерпул: Тоа ќе го знаеме…

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Овој викенд се игра дербито меѓу Манчестер Сити и Ливерпул, две екипи кои до крајот на сезонава имаат различни цели, „граѓаните“ сакаат топ четири пласман за место во ЛШ, додека пак „црвените“ бркаат лигашка титула.

За Сити овој меч доаѓаа по разочарувањето во елитното натпреварување каде беа надиграни и елиминирани од Реал Мадрид, па сигурно ќе сакаат да го поправат впечатокот и дојдат до позитивен резултатот против големиот ривал, но можеби тоа ќе треба да го направат без најдобриот стрелец Ерлинг Халанд кој го пропушти и дуелот на „Бернабеу“.

-Се уште не знам дали ќе игра, утре ќе знам, -истакна Пеп Гвардиола кој запрашан за тоа дали се надева дека Норвежанецот ќе биде достапен, неговиот одговор беше следен:

-Да, можеби, но сè уште не знам. Ќе тренираме денес, до утре ќе тестира, но не знам. Подобро е да го имаш Ерлинг на теренот отколку да го немаш, очигледно. Но, со Ерлинг сме во позиција како што сме сега. Сите се одговорни за добрите и лошите работи во тимот. Но, секако, со Ерлинг сме посилни, -порача Шпанецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни